fly away - онтологија

изразлета повеќе

Види и: разлета (св.)
изразлетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да лета сѐ што во тој момент може да се најде во воздух.
Албански: fluturj, ik
Примери:
Ветерот ги изразлета хартиите што беа на масата.
(се изразлета) Летне повеќе птици одеднаш.
Албански: fluturoj, ik
Примери:
Гулабите се изразлетаа кога се појави девојчето во дворот.

летне повеќе

летнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лета, полета.
Примери:
Гулабот летнал кон небото.

одлета повеќе

Види и: лета (несв.)
одлетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замине со летање, се оддалечи.
Албански: fluturoj
Примери:
Одеднаш гулабот се исплаши и одлета.
За време - брзо помине.
Албански: fluturoj, ik
Употреба: Преносно значење
Примери:
Младите години одлетаа.

одлетне повеќе

Види и: одлета (св.)
одлетнат
Вид збор: Глагол, свршен
одлета

разлета повеќе

Види и: лета (несв.)
(се) разлетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лета на разни страни.
Албански: fluturoj gjithkah
Примери:
Се разлетаа врапчињата.

фркне повеќе

фркнат
Вид збор: Глагол, свршен
Одлета, нагло избега.
Албански: fluturoj
Примери:
Фркна пилето.